Тачи ќе соработува со ДУИ за вицепремиерско место
Со ДУИ ќе соработува под еден услов, а ВМРО-ДПМНЕ веќе не ги познавал, рече за ТВ 21, синоќа лидерот на ДПА Мендух Тачи. Тој во емисијата Клик плус тврдеше дека лидерот на најголемата опозициска партија му испратил посредник од странска држава за да го убедува да соработува со нив.
„ДУИ не е мој противник, подготвен сум да преговарам со нив и да соработувам, ако прифатат да бидам вицепремиер“, рече Тачи.
„ВМРО-ДПМНЕ беа наши стратешки партнери, а денеска не ги познавам“, додаде лидерот на ДПА.
Рече дека стратешкиот партнер на ДПА од 1999 година ВМРО-ДПМНЕ била западно ориентирана, насочена кон ЕУ, а денеска не ја познава таа политичка партија како таква.
Рече и дека мисли оти СДСМ сака влада без ДУИ, а ДПА најверојатно на изборите ќе одат сами.
Слично
