Економија, финансии, бизнис

Контакт

Taчи: Да излезете и да гласате затоа што тоа е најголемиот патриотизам

Taчи: Да излезете и да гласате затоа што тоа е најголемиот патриотизам

Граѓаните да излезат да гласаат на референдумот, повика денеска косовскиот претседател Хашим Тачи, на заедничката прес -конференција со премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека тие треба да заокружат „за“ и да го искористат историскиот момент за земјата со цел стабилност и мир на регионот.

„Јас сакам да верувам дека учеството на граѓаните ќе биде масовно. Не само за да гласаат „за“, туку и да се постигне цензусот од над 50 проценти. Така што мојата порака пред сè како човек и како пријател на оваа држава и на евроатланската Македонија е да излезете и да гласате затоа што тоа е најголемиот патриотизам што може еден граѓанин да го направи за својата татковина и за Македонија“- вели Тачи.

Според него, граѓаните треба да излезат и да гласаат „за“ на претстојниот референдум и да се постигне цензусот, затоа што се работи за историски момент за Македонија, кој треба да се искористи и кој ќе значи мир и стабилност за целиот регион, вклучително и Косово, порача косовскиот претседател Хашим Тачи по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата. Вели дека иднината на двете соседни земји е да се стремат кон членство во ЕУ и НАТО.

Слично

Поврзани вести