ТАЧЕ, ОВА ЛИ Е ВАШИОТ „ЕВРОПСКИ СТИЛ“ НА ДИРЕКТОРУВАЊЕ? - Апасиев за тепачката на нивни активист
По објавата за напад врз активист на „Левица“ во Штип, со свој пост попладнево и лидерот на партијата.
Професорот Димитар Апасиев во негов стил прашува дали ова е европскиот стил на управување.
- Левица бара РАЗРЕШУВАЊЕ на директорот-насилник од штипскиот затвор!
Таче, ова ли е вашиот „европски стил“ на директорување? Со непотизам, корупција и силеџиство не се стига у ЕУ бе, абдали - напиша Апасиев.
Еве ја неговата објава:
Претходно партијата преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека „директорот на затворот во Штип и функционер на СДС, Мики Тодорор физички напаѓа студенти. Активистот на ЦМ и студент Јован Јанев во вечерта помеѓу петокот и саботата во Штип бил дивјачки нападнат со физички удари - затоа што е политички активен во Левица“ - стоеше во нивната објава.
Во нивната објава тие исто така посочија дека „на функцијата директор е поставен без соодветно образование, но во негово време покрај ОГРОМНИОТ број бегства, се издвојува бегството на озлогласениот затвореник Красниќи“.
Слично
