Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таборот на Дејан Пановски обвинува за нов скандал во Скијачка федерација на Македонија

Таборот на Дејан Пановски обвинува за нов скандал во Скијачка федерација на Македонија

Додека се чека изјаснувањето на Централниот регистар во врска со одлуката на Второстепената Владина комисија која според неофицијални информации ги уважила аргументите на македонскиот олимпиец Дејан Пановски, кој сега треба да биде впишан како легитимно избран претседател на Скијачката федерација, денес поранешниот технички секретар К.H. е забележан како во возило шета документација за која спротивниот табор смета дека е од оваа спортска федерација.  Фотографијата ја направил член на еден од клубовите во Федерацијата.

Правниот тим на Дејан Пановски тврди дека се работи за огромен скандал, бидејќи се работело за службена документација. Адвокатите велат дека единствено место на сите документи поврзани со федерацијата е во официјалната архива. Се сомневаат дека некој може да се обиде да ја уништи целата архива за да се прикријат трагите од како што велат, евентуалниот фалсификат. Со тој фалсификат, додаваат, мала група со политички притисок сакала да наметне нелегално направен избор за конечно решение.
Најавуваат кривична пријава до МВР за неовластено располагање со службена документација.

Слично

Поврзани вести