Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГП Богородица денес ќе им каже добредојде на новите табли со Република Северна Македонија

ГП Богородица денес ќе им каже добредојде на новите табли со Република Северна Македонија

Знамето на НАТО почна да се вее пред Владата додека согласно договорот од Преспа кој и официјално стапи на сила токму денес старите табли ќе се заменат со новите на кои ќе пишува Република Северна Македонија на три јазици.

Таблите на македонски, албански и англиски јазик Република Северна Македонија ќе ги пречекуваат оние кои влегуваат и излегуваат од граничниот премин Богородица а како што најавија службите од Царина тоа ќе се направи во 13 часот.

Земјава и формално го преименува името во Република Северна Македонија а со објавувањето во Службен весник ан сила стапија Преспанскиот договор за решавање на спорот околу името со Грција но и амандманите на македонскиот устав со кој е сменето името на државата, како и уставниот закон за нивно спроведување.

Слично

Поврзани вести