ТАБЕЛА: Раст на нефункционалните кредити!
Стапката на нефункционални кредити во август годинава достигна 12,2%. Наспроти подобрувањето во првиот квартал, во вториот квартал од годинава настапи одредено влошување на квалитетот на кредитното портфолио, се посочува во извештајот на НБРМ.
„На крајот на јуни 2014 година, стапката на нефункционални кредити достигна 11,8%. Во вториот квартал од годинава повторно дојде до поизразено влошување на квалитетот на кредитното портфолио на претпријатијата, наспроти умерената кредитна поддршка за овој сектор.Од друга страна, стапката на нефункционалните кредити на домаќинствата продолжи да се намалува, што се должи на растот на вкупните кредити, при мало зголемување на нефункционалните кредити. Стапката на нефункционалните кредити продолжи да се движи по нагорна линија и по јуни годинава, па така во август достигна 12,2%, се објаснува во извештајот на НБРМ.
При тоа се потенцира дека со оглед на фактот дека нефункционалните кредити имаат висока покриеност со издвоена исправка на вредноста опасноста за сопствените средства на банкарскиот систем од нивно евентуално неплаќање е минимална.
Анализата на НБРМ покажува во вториот квартал од годинава, кварталната стапка на раст на нефункционалните кредити достигна 9,3%, што произлегува од растот на нефункционалните кредити на претпријатијата и е одраз на влошените остварувања на некои клиенти од дејностите „трговија на големо имало“, „дејности во врска со недвижен имот“ и „прехранбена индустрија“. Нагорно движење, но со значително послаб интензитет се забележува и кај нефункционалните кредитина домаќинствата,особено кај потрошувачките кредити, кредитите врз основа на издадени кредитни картички и станбените кредитИ
Според податоците на НБРМ, во вториот квартал од оваа година, вкупната кредитна изложеност на банкарскиот систем порасна за 4.294.000.000 денари и достигна 400.338.000.000 денари.
Еве како изгледа кредитната изложеност на граѓаните и фирмите, односно за што најмногу се земаат кредити
Слично
