Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таа е најмладата англиска милионерка - како живее?

Таа е најмладата англиска милионерка - како живее?

Џејн Парк имаше само 17 години  кога го освои својот прв милион џекпот од играта „Евромилиони“. 

Таа сега има 21 година и вели дека се чувствува полошо од претходно и живее полошо. 

Парк дури почнува кампања за кревање на возраста за учество во лотаријата од 16 на 18 години.

Во 2013 година, кога уште беше тинејџерка заработи над 1 милион фунти и стана најмладиот човек, кој добил џекпот, пишува „Дејли Мејл". 

Со парите купила мерцедес, но ја фатиле како вози пијана. Ако ја прогласат за виновна, вели дека ќе најми возач. 

Само за еден ден загубила 100 000 фунти од неуспешен бизнис, додава The Sun.

Парк троши многу пари за луксузна облека, додатоци, но и за пластични операции. 

Слично

Поврзани вести