Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО укажува како подобро да одговориме на пандемијата на коронавирусот

СЗО укажува како подобро да одговориме на пандемијата на коронавирусот

Оваа седмица, експерти од Канцеларијата на СЗО во Скопје, од Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, од Балканскиот центар на СЗО за вонредни состојби и од Одделот за управување со кризи на институтот „Роберт Кох“ од Берлин ги здружија силите со претставници на националните здравствени власти во спроведувањето на техничка мисија за преглед на тековните активности што ги спроведува Република Северна Македонија како одговор на КОВИД-19.

Во услови на пролонгирање на пандемијата, ваквата мисија претставува процес воден од самата држава кој ќе ѝ овозможи да го преиспита својот одговор на КОВИД-19, да ги определи најдобрите практики, недостатоци и научени лекции, како и активностите за најбрза можна корекција на недостатоците и за континуирано подобрување на одговорот на епидемијата. Реализирана во периодот од 2 до 5 ноември 2021 година, оваа техничка мисија претставува дел од поддршката што СЗО им ја дава на националните здравствени власти за делотворен одговор на пандемијата на КОВИД-19. 

„За време на одговорот на КОВИД-19, Северна Македонија се стекна со нови искуства и во тој контекст овој процес ќе помогне да се идентификуваат неопходни и навремени модификации на стратегијата заради што подобар одговор на кризата. Ова претставува важен чекор за зајакнување на националниот систем за јавно здравје, подобрување на превенцијата на епидемии и забрзување на процесот на постигнување подготвеност за евентуална идна закана по јавното здравје” - изјави д-р Жихан Тавила, претставничка на СЗО во Северна Македонија. 

Заедно со националните епидемиолози и професионалци од областа на јавното здравје, ескпертите на СЗО анализираа одделни области од одговорот на државата на КОВИД-19, меѓу кои: координацијата на ниво на држава, планирање и мониторинг; надзор, тимови за брз одговор и истражување на случаи; начинот на водење на случаите; одржувањето на суштинските здравствени услуги и системи во услови на пандемија; вакцинацијата против КОВИД-19; и комуникација за ризиците. 

Прегледот на активностите укажа на неколку краткорочни и долгорочни акции со кои би се подобрил одговорот на КОВИД-19 и би се зајакнале подготвеноста и одговорот на Северна Македонија на здравствени вонредни состојби воопшто.

Мултидимензионалните препораки дадени од учесниците се следниве: инвестирање во одржливи човечки ресурси; континуирано градење капацитети и обуки (со редовни симулациони вежби); ажурирање на законодавството кое се однесува на вонредни состојби и заразни болести; подобрена комуникација меѓу давателите на здравствени услуги на сите нивоа; и интензивирање на тековната дигитализација на здравствените информативни системи. Листата со детални активности ќе биде дополнително утврдена од страна на државата, а активностите на имплементација ќе бидат придружени со механизми за следење на напредокот. Деталните активности што ќе произлезат како резултат од оваа оценска мисија ќе бидат приоритет за натамошното работење во оваа област. Прегледот на активностите укажа на неколку краткорочни и долгорочни акции со кои би се подобрил одговорот на КОВИД-19 и би се зајакнале подготвеноста и одговорот на Северна Македонија на здравствени вонредни состојби воопшто.

Мултидимензионалните препораки дадени од учесниците се следниве: инвестирање во одржливи човечки ресурси; континуирано градење капацитети и обуки (со редовни симулациони вежби); ажурирање на законодавството кое се однесува на вонредни состојби и заразни болести; подобрена комуникација меѓу давателите на здравствени услуги на сите нивоа; и интензивирање на тековната дигитализација на здравствените информативни системи. Листата со детални активности ќе биде дополнително утврдена од страна на државата, а активностите на имплементација ќе бидат придружени со механизми за следење на напредокот. Деталните активности што ќе произлезат како резултат од оваа оценска мисија ќе бидат приоритет за натамошното работење во оваа област

Слично

Поврзани вести