(ВИДЕО) Полицајци боксираат цивилно лице среде Тетово
Видео со молскавична брзина се рашири на социјалните мрежи како двајца полицајци тепаат физичко лице на градскиот плоштад во Тетово.
МВР го потврди настанот, а тетовската полиција информира дека ќе бидат преземени соодветни мерки и активности за расчистување на инцидентот.
Во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за полициските службеници кои биле инволвирани во настанот е покренета дисциплинска постапка, информираат од СВР Тетово.
Инцидентот се случил вчера околу 17 часот на градскиот плоштад во Тетово.
Дополнително, одделот за внатрешна контрола при МВР ќе преземе соодветни мерки во врска со пропустите и пречекорувањата во врска со настанот.
Слично
