Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВР Скопје се соочува со недостаток на кадар

СВР Скопје се соочува со недостаток на кадар

СВР Скопје се соочува со недостатокот од потребен кадар и тоа во моментов е најголемиот  проблем во оваа институција.

Ова е заклучкот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска го посети СВР Скопје за одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочува овој сектор.

„Оваа средба е во склоп на посетите кои ќе бидат направени во сите сектори за внатрешни работи. На денешната средба бев информиран околу проблемите со кои се соочува СВР Скопје, но и покрај овие проблеми безбедноста е добра во градот Скопје и сите капацитети на СВР Скопје се во функција да се обезбеди сигурноста на граѓаните- истакнал министерот Спасовски.

Слично

Поврзани вести