Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВР Охрид: Се трага по измамници со измислени сообраќајни несреќи

СВР Охрид: Се трага по измамници со измислени сообраќајни несреќи

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои лажно се претставуваат како службени лица и вршат измами, претежно на повозрасни граѓани од Охрид, со телефонски јавувања за наводно случена сообраќајна несреќа со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства. 

Притоа, измамниците ја користеле вознемиреноста и загриженоста на жртвите и така од нив изнудувале парични средства. 

„Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични измами, преку повици добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112  или во најблиската полициската станица“, повикува СВР Охрид.

Слично

Поврзани вести