Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВР Охрид: Му ги грабнал сопругата, ќерката и бабата и му барал пари за да ги пушти

СВР Охрид: Му ги грабнал сопругата, ќерката и бабата и му барал пари за да ги пушти

Охриѓанец му платил откуп на негов сограѓанин за да ги ослободи неговата сопруга, малолетна ќерка и баба, објави МВР.

„На 18.05.2025 во 00.50  часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик. Имено, тој претходно е пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со Џ.Д.(36) од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи сопругата, малолетната ќерка и бабата на Џ.Д.“, информира полицијата.

СВР Охрид, по насоки на јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување  на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести