Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВР ОХРИД: Дете почина во Струшката болница

СВР ОХРИД: Дете почина во Струшката болница

Четиригодишно дете почина во Струшката болница.

Како што денеска соопшти СВР Охрид, детето починало на Детското одделение. Случајот во полиција е пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.

„Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната медицинска помош, починало“,  изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полицијата во координација со јавен обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот.

Претходно на Детската клиника во Скопје имаше повеќе смртни случаи, што ја разбесни јавноста.

Слично

Поврзани вести