Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВОЈ ИМОТ НЕМА, А РОДИТЕЛИТЕ ИМААТ ДВА СТАНА, ДВА ДУЌАНА И ДВЕ ВОЗИЛА - колку е богат Беким Сали, идниот министер за здравство

СВОЈ ИМОТ НЕМА, А РОДИТЕЛИТЕ ИМААТ ДВА СТАНА, ДВА ДУЌАНА И ДВЕ ВОЗИЛА - колку е богат Беким Сали, идниот министер за здравство

Нов министер за здравство ќе биде Беким Сали од Алтернатива, одлучи вчера партијата, откако таа позиција ја доби во разговорите со СДСМ како најголем коалиционен партнер во власта.

Докторот Беким Сали ќе дојде на местото на досегашниот министер Венко Филипче, кој се враќа на клиника, односно на неврохирургијата.

Фактор го погледна анкетниот лист на идниот министер за здравство.

За Беким Сали има анкетен лист како член на Управен Одбор на ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија.

Како што е познато, Беким Сали беше кандидат за градоначалник на Чаир, но не успеа да ја добие таа позиција, каде седна Висар Ганиу од ДУИ.

Во анкетниот имот на Беким Сали не е прикажан никаков негов личен имот, но затоа има имот на родителите, и тоа два стана, два деловни простора и две моторни возила.

Односно, Сали има на име на родителите еден деловен простор во Скопј од 80 метри квадратни вреден 4,9 милиони денари и еден деловен простор од 34 метри квадратни, чија вредност изнесува 1,7 милиони денари.

Двата стана во Скопје се од 56 и 54 метри квадратни, во вредност од 1,72 и 1,66 милиони денари.

И, неговите родители имаат две возила, фиат брава и лада, од 276 илјади и 61 илјади денари. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести