Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свлечиштето во Шипковица принуди 17 луѓе да ги напуштат куќите

Свлечиштето во Шипковица принуди 17 луѓе да ги напуштат куќите

Поради свлечиште во тетовското село Шипковица, четири куќи се во опасност, а 17 жители се евакуирани. 

Околу три часот по полноќ, четири семејства беа принудени да ги напуштат своите домови и да се сместат кај роднините.

Во долниот дел има поток кој во 2015 година предизвика  поплави што одзедоа човечки животи. Во Македонија деновиве имаше обилни врнежи од дожд. И наредните денови ќе имаме слично време. 

Слично

Поврзани вести