СВЛЕЧИШТЕ, МАГЛА, ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: На кои патни правци треба да внимавате?
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост од 50-100 метри поради магла има на патниот правец Лисец-Попова Шапка-Лисец.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна. Десната лента се затвара за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента, поставена e содветна сигнализација.
