Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свињи изгореа крај Градско, фармери вдишаа чад

Свињи изгореа крај Градско, фармери вдишаа чад

МВР извести дека вчера настанал пожар во свињарска фарма крај Градско, при што фармери побарале лекарска помош и преглед.

- На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. 

Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци, објавено е во билтенот.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес. Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.


Слично

Поврзани вести