Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светските медиуми за Пендаровски: Победата ќе и даде „силен ветер во грб“ на владеачката коалиција

Светските медиуми за Пендаровски: Победата ќе и даде „силен ветер во грб“ на владеачката коалиција

За изборот на Стево Пендаровски за шеф на државата, кој на функцијата ќе го замени Ѓорге Иванов, известуваат и странските медиуми, кои констатираат дека ова се први избори од промената на името одржани во мирна атмосфера поради Преспанскиот договор.

Грчките медиуми пренесуваат дека Пендаровски е кандидат на владеачката коалиција на чело со актуелниот премиер Зоран Заев.

Повикувајќи се на агенциските извештаи, медиумите ја пренесуваат изјавата на Пендаровски кој по прогласената победа порача дека ќе биде претседател на сите граѓани на Северна Македонија без разлика на нивната партиска припадност.

Пендаровски медиумите го означуваат како „прозападен“ кандидат, кој победил во вториот изборен круг.

Ројтерс констатира дека оваа победа на Пендаровски ќе и даде „силен ветер во грб“ на владеачката коалиција која очекува да добие датум за преговори со Европската унија во јуни, како и дека ќе стане 30 членка на НАТО следната година.

Агенцијата наведува и дека за разлика од Пендаровски, неговата противкандидатка Силјановска Давкова против промените на името на Македонија, но и за пристапување на Европската унија.

Асошиејтед прес јавил дека следбениците на владеачката коалиција собрани околу СДСМ и Заев победата на Пендаровски почнале да ја слават пред објавување на првите резултати.

Франс прес наведува и дека противкандидатката на Пендаровски била поддржана од националистите.

Слично

Поврзани вести