Економија, финансии, бизнис

Контакт

БДП: Со раст од 4,5 % на Македонија и требаат 20 години за да стаса близу до ЕУ!

БДП: Со раст од 4,5 % на Македонија и требаат 20 години за да стаса близу до ЕУ!
Светска Банка ја пушти првата транша од 52 милиони евра, како дел од новиот кредит во вредност од 400 милиони долари за финанасиска поддршка на различни сектори. Првата сума на пари ќе се потрошат за изградба, реконструкција и санација  на регионални и магистрални патишта.
“Заемот дава можност да се подобри патната мрежа, која е неопходна за поголем раст. Таа ќе значи и подобра поврзаност, побезбедно патување, што, пак, може да придонесе кон подобар пристап до работни места, социјални услуги и помага во намалувањето на сиромаштијата и зголемување на заедничкиот просперитет“, изјави Татјана Проскурјакова, директорката на канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Со овие пари ќе се финансира изградба на патните правци Бошков Мост - Дебар, Ресен - Буково и Битола - Макази. Заемот ќе се враќа во следните 23 години со грејс период од 6 години и со променлива каматна стапка. Министерот за финансии Зоран Ставрески оцени дека и со ова ново кредитно задолжување, земјава нема да има никаков проблем да ги отплаќа обврските и во наредните десет години. Министерот рече дека в година доспеваат за отплата 425 милиони евра. Растот на БДП треба да се крене на 4,5% за да се приближи МК до новите земји на ЕУ Како претходница на новиот заем од 400 милиони долари, Светска Банка направи анализа на вкупната економска состојба во земјава, со кој ги опфати и досегашните проекти и програми кои добиле финанасиска поддршка од Светска Банка.  Во “Стартегијата за партнерство меѓу Светска Банка и Македонија“, се констатира дека земјава има историја на макроекономска стабилност, дека глобалната криза е успешно пребродена но и дека стандардот на граѓаните и натаму е далечен од европскиот просек.
“За да го затвори јазот во приходите во споредба со новите земји членки на ЕУ, Република Македонија треба да го забрза растот. Помеѓу 2002 и 2009 година, Р.Македонија забележа реален раст од 3,9 проценти годишно што иако е под просекот на ЈИЕ 6 (новите членки на ЕУ)  овозможи на земјата да го намали јазот на приходите во однос на ЕУ. Помеѓу 2002 и 2009 година, приходите по глава на жител пораснаа од 25 проценти од БДП по глава на жител на ЕУ на 36 проценти во 2009 година. Оттогаш, просечниот раст се намали на 2,1 проценти годишно и приближувањето кон ЕУ запре“ – се вели во Документот на Светска банка и се додава: “Реалниот раст на БДП треба да се забрза на околу 4,5 проценти, значително над десетгодишниот просек од 3,2 проценти, за да може Република Македонија да се приближи до животниот стандард на новите земји членки на ЕУ во следните 20 години“, констатира аналитиката на Светска Банка.
Во исто време, овој значаен финансиер на Македонија прави анализа и факторите кои влијаеа врз економскиот раст. Така, според Светска Банка во изминатите години значајно се променила структурата на јавните инвестиции.
“Од 2009 година градежниот сектор стана предоминантен двигател на растот бидејќи јавниот сектор ги зголеми капиталните расходи за да го балансира намалувањето на надворешната побарувачка како резултат на кризата во Еврозоната. Тоа изгледа беше на сметка на квалитетот на јавните инвестиции: уделот на инвестициите во административни згради се зголеми додека инвестициите во инфраструктура и одржување се намалија, а инвестициите во секторите со долгорочен потенцијал за раст како машинската индустрија, земјоделството и транспортните средства исто така се намалија. Од 2009 година, растот на земјоделството беше нула“ – се вели во Старатегијата и допoлнително се објаснува: “Во 2008 година, 85 проценти од сите јавни инвестиции беа наменети за инфраструктура, додека само 15 проценти за нестанбени и станбени згради. До 2012 година, инвестициите во нестанбени и во станбени згради го удвоија својот удел во вкупните јавни инвестици достигнувајќи 33 проценти“.
Скоро 20% од нововработените – во јавниот сектор Во делот на вработеноста, Светска Банка констатира намалување на бројот на невработени, но во исто време констатира дека се реализирале вработувања во сектори со ниска продуктивност и во јавниот сектор.
“Растот на Р.Македонија беше движен од зголемувањето на вработеноста и на продуктивноста пред кризата, но повеќето нови работни места беа во секторите со ниска продуктивност или во јавниот сектор. По кризата од 2008 година, растот на продуктивноста значително се намали додека вработеноста продолжи да расте. Всушност, Р. Македонија е единствената земја во ЈИЕ6 каде вработеноста се зголеми во периодот по кризата“ – се вели во Стратегијата на СБ и се додава: “Земјоделството, градежништвото и јавната администрација беа главни двигатели на растот на вработеноста во последната деценија. Меѓутоа, работните места создадени во минатите години беа или неформални, во секторите со ниска продуктивност или во јавниот сектор. 27,1 проценти од нето создадените работни места помеѓу 2007 и 2011 година беа во земјоделството, 13 проценти во трговијата на мало (главно неформални), а 19,7 проценти во јавниот сектор“.
За оваа година Светска Банка прогнозира реалн раст на БДП од 3%, за 2015 та проекцијата изнесува 3,5% а в0 2016 та, според прогнозите економскиот раст ќе изнесува 3,7%. Според Светска Банка, годинава Јавниот долг, во кој се вклучени долговите на Владата, општините и Јавните претпријатија ќе изнесува 44,3%, ниво кое заклучно со август веќе е надминато, односно сега изнесува 46,8% од БДП.
Слично

Поврзани вести