Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТСКА БАНКА: Кредити за нови патишта во Македонија

СВЕТСКА БАНКА: Кредити за нови патишта во Македонија
Кредит од 52 милиони евра одобри Светска банка за изградба на патишта во Македонија, а договорени се и дополнителни 105 милиони евра за истата намена во следниот период. Според плановите на македонските власти, со овие пари ќе се финансира изградбата на неколку делници: Битола-Ресен, Дебар-Бошков Мост, Кочани-Делчево, Делчево - Голак и Ранковце-Крива Паланка. Информацијата за обезбедените кредити беше објавена за време на редовните Годишни средби на ММФ и Светска банка, на кои учествуваат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов. Ставрески истакнува дека со кредитите ќе се изврши значително подобрување на патната инфраструктура во земјата.
Слично

Поврзани вести