Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Ципрас главна вест во светските медиуми

Заев и Ципрас главна вест во светските медиуми

За денешната историска посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Македонија јавија повеќе светски медиуми.

„Историска посета: Ципрас во посета на Скопје“, пишува бугарскиот портал btvnovinite.bg


Во текстот стои дека ова е прва официјална посета на грчки премиер на Македонија, по 28 годишниот спор кој го имаа двете земји. Исто така, се нагласува дека Ципрас со себе повел и грчки бизнисмени и дел од владината грчка делегација.


„Грчкиот Премиер Ципрас во историска посета на Скопје“, пишува порталот ekathimerini.com


Грчкиот портал пишува дека за прв пат во историјата на Грција, грчки премиер слетал на аеродромот во Скопје и тоа во своја официјална посета на Република Северна Македонија, по осамостојувањето од 1991 година. Исто така, пишуваат дека Ципрас дошол со 100 грчки бизнисмени и 10 владини лица.


„Ципрас во историска посета на Северна Македонија“, сличен наслов има и  францускиот портал ouest-france.fr


И Франција со хит вест за денешната посета на грчкиот премиер Ципрас во Северна Македонија. Сите светски медиуми се видно возбудени и нетрпеливи за крајот на денешната посета која ќе остане запишана во историјата на овие две земји но и во Европа, пишуваат на порталот.

Денешниов ден ќе остане запечатен во историјата за двете земји, но и политичка светла точка за напредокот на Балканот. Денешната посета на Ципрас останува најактуелна тема од политички аспект во светски рамки. 

Слично

Поврзани вести