Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светнаа сијаличките на елката на скопски плоштад: Сивилото нека не ви ја убива радоста околу празниците

Светнаа сијаличките на елката на скопски плоштад: Сивилото нека не ви ја убива радоста околу празниците

Некогаш се беше поинаку...со радости се чекаше Нова година и празниците околу неа а со текот на годините како таа магија да спласнува. Причините можеби се најразлични и секој различно гледа на нештата, но кога ќе излезете и прошетате дозволете да ви се разбудат сеќавањата, да почувствувате дека празничната атмосфера што туку почнува.


На скопскиот плоштад и годинава светна Новогодишната елка која е малку поинаква од претходните а тука е и новогодишнот базар „Винтерленд“.


Деновите кои следуваат градот најавува забавна програма и за сите се до главната Новогодишна ноќ.

Затоа не седете дома. Не бидете тмурни како ова саботно утро и уживајте во магијата. Не дозволувајте му на сивилото да ви ги окупира мислите и радувајте се за убавите денови кои ни следат, бидејќи ако сами не си го направите расположението друг за вас тоа нема да го направи.


Слично

Поврзани вести