Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светлан Стоев за Македонија: 85 отсто од граѓаните ја поддржуваат позицијата

Светлан Стоев за Македонија: 85 отсто од граѓаните ја поддржуваат позицијата

Софија очекува одговор од Скопје за долгорочно решение. 

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев за европската интеграција на Северна Македонија, изјави дека позицијата на Бугарија е јасна, доследна и предвидлива и таа не е променета, јави дописникот на МИА од Софија.

Вели дека техничката Влада на Бугарија се раководи од Рамковната позиција и Декларацијата на Народното собрание од октомври 2019 година и дека 85 отсто од граѓаните ја поддржуваат таа позиција.

„Ќе продолжиме да работиме на обновувањето на довербата“, рече тој.

Очекуваат правни гаранции за почитување на Договорот од 2017 година и конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение на прашањето.

Слично

Поврзани вести