Светлан Стоев вели дека Македонија е „болна тема“ за Бугарија
Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев повторно обвинува за говор на омраза.
Вели дека за Бугарија, нашата земја е „болна тема“. Стоев истакна дека влезот на Северна Македонија во ЕУ не зависи само од желбата на Унијата.
„Мора да има активности и докази од страна на Скопје за да ги убедат не само европските партнери, туку и Бугарија дека се подготвени да ги решат проблемите што постојат и ни пречат да дадеме зелено светло“, рече Стоев.
Тој вели дека односите со Северна Македонија мора да се нормализираат, но исто така мора да се дадат гаранции дека договорите што ги потпишува Скопје во иднина ќе бидат имплементирани преку преговарачката рамка за пристапување во ЕУ.
„Она што го гледаме во говорот на омраза што го шират некои политички сили и претставници на младинското движење, не зборува во оваа насока. Не слушнавме јасно разграничување во однос на кажаното“, кажа Стоев.
Бугарските патриоти, пак вчера потпишаа декларација со седум точки кои Македонија треба да ги исполни за Бугарија да ја смени сегашната позиција.Во земјава, ВМРО - ДПМНЕ подготви резолуција која е прифатлива за повеќето партии.
