Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светиот синод на Бугарската православна црква ја призна православната црква во Maкедонија, но не и името

Светиот синод на Бугарската православна црква ја призна православната црква во Maкедонија, но не и името

Бугарската ја призна македонската црква, но не и името. 

Светиот синод на Бугарската православна црква ја призна православната црква во Maкедонија, но ја одложи одлуката за името.

„Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеји српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија со духовна радост го поздравува одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија“, стои во соопштението. 

Но, „прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија допрва ќе се разгледува“.

Претходно, на 9 мај Вселенската патријаршија ја призна Охридската  архиепископија за канонска. 

На 24 мај, српскиот патријарх Порфириј на литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје објави дека Саборот на СПЦ ја прифаќа и признава автокефалноста на МПЦ-ОА. Со тоа спорот за цркавата со Србија е затворен. Оваа одлука исто така беше историска. 

Слично

Поврзани вести