Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светиниколчанец со кабли сакал да го стартува возилото, паднал и автомобилот го прегазил

Светиниколчанец со кабли сакал да го стартува возилото, паднал и автомобилот го прегазил

Почина маж од Свети Николе откако со кабли сакал да го стартува возилото, паднал и автомобилот го прегазил. 

Во Полициска станица Свети Николе вчера околу 10.30 часот е пријавено дека во месноста „Круши“, светиниколско, пред дворно место од викендица, З.М.(58) од Свети Николе во обид со кабли да го стартува неговото паркирано возило „голф“ истото тргнало нанапред, и З.М. паднал, по што возилото го прегазило. Од здобиените повреди човекот починал на лице место. Смртта ја констатирал лекар од итна медицинска помош, а по овластување на Јавен обвинител увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе. Телото на починатиот е предадено на семејството, соопшти полицијата.

Слично

Поврзани вести