Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТИ НИКОЛЕ: Ќе има мобилен пункт за тестирање, а чекаат и санитетско возило

СВЕТИ НИКОЛЕ: Ќе има мобилен пункт за тестирање, а чекаат и санитетско возило

Свети Николе добива мобилен пункт за тестирање за Ковид-19. 

Градоначалникот  Сашо Велковски вели дека денеска ја добиле одлуката на Владата. 

„Како Општински кризен штаб чекаме детали за пунктот за тестирање и колку пати во неделата ќе доаѓаат епидемиолози од Центарот за јавно здравје-Велес. Веднаш штом ќе добијам информација ќе ги информираме граѓаните на Општина Свети Николе“, вели Велковски.

Тие чекаат одговор за нивото барање за санитетско возило за транспорт на болните од Ковид-19 до болниците во Штип и Велес. 

Во градот има 188 активни случаи. 

Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа од 1.025 тестирања, се регистрирани 128 нови случаи на ковид-19. 

По градови,  Скопје има 52, Куманово 6, Штип 29, Прилеп 2, Тетово 6, Битола 2, Кавадарци 10, Гостивар 13, Кочани 1, Пробиштип 1, Македонски Брод 3, Виница 2, Свети Николе 1 заразен. 

Слично

Поврзани вести