Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕСНИ ЗА НЕСРЕЌАТА НЕ ГИ КОНТРОЛИРАЛЕ ВОЗАЧИТЕ: Кој се ќе одговара за кобната несреќа кај Ласкарци

СВЕСНИ ЗА НЕСРЕЌАТА НЕ ГИ КОНТРОЛИРАЛЕ ВОЗАЧИТЕ: Кој се ќе одговара за кобната несреќа кај Ласкарци

13 февруари 2019 година ќе остане запаметен како датум кој зави во црно безмалку 16 семејства. 

Во автобуска несреќа животот го загубија 16 лица. И стари и помлади. Сите на пат кон дома.

Истрагата сега ќе гони седуммина. Меѓу нив се и сопственикот на компанијата Дурмо Турс но и возачот кој ја преживеа страотната незгода.

Скопското обвинителство го стокми обвинението а согласно тоа притвор се бара за шестмина од седуммината обвинети.

ОЈО заклучи дека ниту газдата ниту одговорниот за возниот парк не воделе никаква контрола врз автобусите. 

Знаеле дека автобусот е технички неисправен но тоа не ги спречило да го повлечат од употреба.

Возачите пак меѓусебно се договарала кој колку часа и каде ќе возат а нивни соучесници се тројца вработени во станицата за технички преглед кои минатиот јули утврдиле дека кочниците се неисправни а тоа не го запишале во записникот а на следниот технички преглед воопшто кочниците не биле дел од нивната проверка.

Возачот ќе одговара пред лицето на правдата бидејќи возел со брзина поголема од дозволената при што директно изгуби контрола и однесе во смрт 16 патници.

Засега привор не се бара за контролорот кој бил задолжен за работата на тахографот. Тој како дел од ова обвинение издал потврда дека тахографот е исправен и покрај тоа што знаел дека има вграден уред за манипулација.

Слично

Поврзани вести