Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свештеникот од Битола имал 39 години: Ја изгуби битката со Ковид

Свештеникот од Битола имал 39 години: Ја изгуби битката со Ковид

Свештеник од преспанско-пелагониската епархија, е најмладиот пациент меѓу починатите за кои вчера извести Министерството за здравство. Имал 39 години и бил позитивен на коронавирус, објави ТВ 21.

Според статистиката од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 30 пациенти.

Починати се девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61), двајца од Куманово (62 и 69), еден пациент од Штип (72), еден од Велес (78), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39), тројца од Гостивар (56, 66 и 63), еден пациент од Гевгелија (65), еден од Струмица (77), еден од Кочани (65), двајца од Делчево (66 и 68), еден од Кратово (65), еден од Кичево (61) и еден пациент од Неготино (84). Пациентите се починати во болнички услови.

Слично

Поврзани вести