Свекор тепал снаа во гостиварско
Е.А.(25) од гостиварското село Врапчиште, вчера попладне пријавила дека околу 16 часот во домот на нејзините родители во Врапчиште, каде престојувала со двете малолетни деца, дошле свекорот А.А. (49) и свекрвата со намера да ги земат децата од нивниот починат син.
Набрзо започнала меѓусебна вербална расправија во која учествувала и мајката на Е.А, која прераснала во мешаница, а во која свекорот А.А, според нејзиното кажување, извадил пиштол и ја удрил и повредил по главата.
За кусо време на местото пристигнале полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар. А.А. е лишен од слобода, одземен му е пиштол „ТТ“ со рамка со 7 куршуми, кој го поседувал без дозвола и по целосното рачистување на сите поединости, а во координација со јавен обвинител, ќе се соочи со соодветен поднесок.
