Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕДОШТВО ЗА ПОЖАРОТ ВО УНИВЕРЗАЛНА: „Пожарна не можеше да пристапи, пајак креваше возила, хидрофорите не функционираа“

СВЕДОШТВО ЗА ПОЖАРОТ ВО УНИВЕРЗАЛНА: „Пожарна не можеше да пристапи, пајак креваше возила, хидрофорите не функционираа“

На социјалните мрежи се споделува сведоштво за пожарот кој вчера ја зафати Универзална сала.

„Гори. Пожарна пристига. Не може да пристапи. Се повикува пајак служба да кренат возила. Во меѓувреме пожарникарите кршат тараби поставени од градежната фирма пошто нигде ни ѕирка ни проѕирка. Стигаат до хидрофори. Не се функционални. Од нив не тече вода. Се бараат цистерни со вода од Водовод. Уште се кршат тараби. Сообраќајна полиција ја затвора Партизанска за да може да дојде и Брза помош. Околу згради. Многу, многу, многу згради. Цена - од 2500 евра нагоре за квадрат. Изгорело минатото. Уште пострашно е дека во секој момент може да изгори некоја сегашност без никаква можност за иднина. Нас овде стварно само Господ нѐ чува и не знам како не кренал раце скроз.

Благодарност до пожарникарите. Да работиш под вакви услови и со сите тие ризици, секоја ви чест“, стои во текстот.



Слично

Поврзани вести