Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сведоштво за 27 април: Му наредиле да ги исклучи микрофоните за гласање, но не и за албанската химна

Сведоштво за 27 април: Му наредиле да ги исклучи микрофоните за гласање, но не и за албанската химна

Вработен во Собранието во системот за електронско гласање, Сашко Коцевски, кој бил задолжен за вклучување на микрофоните и давање збор за гласање, сведочи во Кривичниот суд за случајот со 27 април.

Тој кажа дека од 90-тите е активист на ВМРО-ДПМНЕ и дека се до 20 март учествувал на протестите пред Собранието.

За собраниската седница на 27 април тој кажа дека се до 17.30 часот имала нормален тек. Откако Трајко Велјановски му дал збор на пратеникот од БЕСА Зекирија Ибраими кој ја интонираше химната на Албанија. Се кренала тензијата меѓу пратениците, а за збор се јавиле Крсто Мукоски, Илија Димовски и Томислав Тунтев. Мукоски земал збор ја пеел македонската химна, а потоа Велјановски ме им дал збор на Димовски и Тунтев бидејќи веќе било 18 часот и ја прекинал седницата затоа што дента немало координација за да се работи подолго.

– Со тоа мое задолжение е да ги исклучам микрофоните. Тоа се некои 2-3 минути додека да се исклучат двата компјутери. Тогаш околу мене имаше неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и некој довикна да не се дозволи гласање ако СДСМ се обидат да направат начин за избор на претседател на Собрание. Не знам кој го зборуваше тоа бидејќи мојата позиција е седечка, но кога се свртев позади мене беа пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Илија Димовски, господинот од социјалистичката партија Димовски и мислам Јохан Тарчуловски. Тогаш дојде некој од обезбедувањето и ми рече да го исклучам системот за гласање и да ја напуштам седницата. Не знам кој полицаец беше – сведочеше тој.

Од таму тој се упатил во собата за режија од каде преку камерите кои биле вклучени но не снимале, го гледале изборот ма Талат Џафери за претседател на Собранието. Во собата за режија се криеле и кога толпата упаднала во Собранието. Им тропале на вратата и им викале „излезете комуњари”, а тие внатре се криеле позади регал зашто се плашеле да не се одбие некој куршум. Во собата останале до 20 часот, од каде потоа ги извлекол Горан Ѓошевски Леви со уште тројца од собраниското обезбедување.


Слично

Поврзани вести