Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Се пријавил во полиција за пожарот подметнат во кафуле

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ:  Се пријавил во полиција за пожарот подметнат во кафуле

Гоце Трајковски, осомничен за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, но и сведок во истрагата за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, сам се пријавил во полиција. Инаку, полицијата по него распиша потерница.

Тој заедно со таткото на Вања, Александар собирале докази и прегледувале видео-снимки. Сепак, Трајковски не се појави на судењето кое беше закажано за 15 ноември лани. Неговата мајка, Кираца Трајковска, тогаш кажа дека тој поради здравствени проблеми не дошол да сведочи. Потоа се дозна дека е осомничен за пожар во кафуле.  Судењето за двојното убиство на Вања и Панче продолжува во понеделник на 27 јануари. 

Слично

Поврзани вести