Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сведок во случајот „Тенк“ кажа кој се се возел во мерцедесот

Сведок во случајот „Тенк“ кажа кој се се возел во мерцедесот

Сведокот Киро Тодоорвски за случајот „Тенк“ пред судот кажа дека според него, возилата во кои се возеле функционерите во МВР пред да биде набавен луксузниот „мерцедес“ не ги исполнувале материјално-техничките услови на полицијата  за посета на странски делегации. 

Тој рече дека во полицијата немало возило со највисок степен на заштита.

„Тогаш кога тогашниот министер го отстапуваше своето возило, истиот се возеше во возило кое не беше соодветно за функцијата што ја извршува. При средби со останати претставници, носители на функции сум чул поплаки дека функционерите се соочувале со дефекти додека се превезувале со старите возила, се случувало возилата комплетно да застанат, а да се заменат со возила без висок степен на заштита“- рече сведокот. 

Тој пред судот нагласи дека во „мерцедесот“ кој бил набавен се возеле генералнииот секретар на ОН, Бан Ки Мун за да му се пружи безбедносна заштита при престојот во Македонија, како и премиерот во Катар. 

На прашање на обвинителите од СЈО дали свесокот бил овластен за безбедноста во МВР, односно задолжен по ова прашање, па самиот оценил дека имало потреба од набавка на мерцедесот, тој одговори дека само констатирал каква била состојбата.

Слично

Поврзани вести