Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сведок во „Монструм“ не го издржа притисокот на Фатиме-падна во несвест

Сведок во „Монструм“ не го издржа притисокот на Фатиме-падна во несвест

По еден час испрашување од судијата Огнен Ставрев и Фатиме Фетаи од СЈО на сведокот Ахмет Беќир му се слошило.

Како што пренесоа дел од медиумите Беќир се онесвестил и тоа било причина судењето да се прекине.

 Беќир пред Судот кажал дека еднаш до двапати месечно со пријателите одел на рибарење на Смилковско езеро и на 12 април заедно со другарите бил од околу 10 часот додека се стемни на Смилковското езеро. Тој на Езерото дошол со моторче со приколка, не се сеќава убаво што видел, бидејќи било темница. 

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Слично

Поврзани вести