Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сведочење на Зекири за 27 април: На лице со брада му падна пиштолот и го бараше во толпата

Сведочење на Зекири за 27 април: На лице со брада му падна пиштолот и го бараше во толпата

Пратеникот и функционер од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири, на денешното рочиште на 33 обвинети за ланските настани од 27 април, сведочеше за упадот во Собранието, при тоа велејќи дека бил очевидец на човек со пиштол межу толпата што упадна во Собранието.

„Видов лице кое позади грбот имаше оружје. Едно време оружјето му падна и почна да го бара низ толпата.Лицето со пиштолот беше во црна маичка, ќелав и со брада“, рече Зеќири.

Тој додаде дека ситуација ја следел од горе, односно од прес центарот кога го забележал лицето со оружје.

Во меѓувреме се криел во кабината за преведувачи, од каде се слушало како толпата го бара со закани и навредливи зборови.




Слично

Поврзани вести