Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕЧЕНОСТ ЌЕ ИМА НА 4-ТИ МАЈ: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев

СВЕЧЕНОСТ ЌЕ ИМА НА 4-ТИ МАЈ: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев

Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев. 

Градоначалникот Пали Колефски, за МИА изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец. Како што кажа Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан. Додава дека се преземаат сите потребни законски мерки со цел поставувањето на бистата да биде изведено според потребната процедура и временска рамка. 

„Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство“, изјави Колефски.

Поставувањето на бистата ќе биде на свеченост што ќе се организира на 4 мај 2024 година, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев. Автор на бистата е Зоран Тошевски, а е донација од МАЕИ. Во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“ а поставувањето на оваа биста, според иницијаторот, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот. Делчев загинал на 4 мај 1903 година во селото Баница. 

Слично

Поврзани вести