Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свечено доделени наградите и стипендиите на Фондација „Трајче Мукаетов“ за најдобрите студенти

Свечено доделени наградите и стипендиите на Фондација „Трајче Мукаетов“ за најдобрите студенти

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ предводена од Живко Мукаетов ги додели стипендиите за најдобрите студенти од Факултетите за фармација и медицина, како и три еднократни парични награди за тројцата најдобри студенти од овие факултети кои имаат највисок просек. Фондацијата веќе 10 години инвестира во студентите и нивното образование, а има и одлична соработка со нив и по дипломирањето бидејќи многумина од нив кариерата ја продолжуваат токму во Алкалоид кој е главен донатор, посочи Живко Мукатев на денешното свечено доделување.

Еднократната парична награда изнесува 1200 евра. Досега се доделени стипендии на 418 студенди од кои 63 кои потоа дипломирале продолжиле да работат во престижната фармацевстка компанија Алалоид.

Ректорот на УКИМ Јанкуловски изрази благодарност за досегашните вложувања на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ во изминатите десет години и посочи дека заеднички придонесуваат за подобрување на .здравствениот систем на Македонија со бројни проекти, како и спонзорирања на научни истражувања, симпозиуми и конференции.

Професор Соња Топузовска, деканот на Медицински факултет, истакна дека годинава имало голем интерес за пријавување за стипендиите и најдобрите 21 студент ќе добијат поголем мотив како за нивното образование кое ќе го завршат успешно, така и за понатамошната кариера во Алкалоид. 

Од Фармацевстскиот факултет 18 студенти кои ги исполниле критериумите ќе имаат можност да бидат стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, и својата професионална кариера да ја започнат во Алкалоид. 

Живко Мукаетов посочи и дека добротворните и хуманите акции на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ ќе продолжат и во наредниот период.


Слично

Поврзани вести