СВЕЧЕН РУЧЕК И ОДЛИЧНО ВИНО: Вучиќ вака ја пречека македонската шефица на државата,Силјановска Давкова
По официјалниот
дел на прославата на Илинден и АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски, српскиот
претседател Вучиќ организираше свечен ручек за својата гостинка од Македонија,
претседателката Гордана Силјановска Давкова.
-Со нескриена гордост ѝ ги претставив на претседателката Гордана Силјановска Давкова одличните вина што Србија може да ги понуди. Ручекот во автентичната атмосфера на винаријата Алексиќ беше можност за неформални разговори и дегустација на врвни вина од нивната визба. Благодарност до семејството Алексиќ за гостопримството и за претставувањето на нашата земја на најдобар можен начин.
Разговарав со мојата драга гостинка и со домаќините за заедничките можности во лозарството и туризмот. Убеден сум дека Србија и Северна Македонија можат да понудат многу за секого во овие област, напиша српскиот претседател Вучиќ во објавата на Инстаграм.
фото: Инстаграм