Свечен дочек за Пендаровски од Вучиќ
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес му приреди свечек дочек на колегата од Македонија Стево Пендаровски, кој ќе биде во дводневна посета на соседна Србија.
Со највисоки државни и воени почести е дочекан Пендаровски опред Палатата Србија во Белград.
Пендаровски ќе има тет-а-тет средба со Вучиќ, по што ќе следува и пленарен состанок меѓу делегациите на Македонија и на Србија а шефот на државата ќе има средба и со претседателката на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ и со претседателката на Народното собрание на Република Србија Маја Гојковиќ.
(Фото Танјуг)
Слично
