Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свадбите не запираат - вчера во Глумово се правела веселба си дури 250 гости

Свадбите не запираат - вчера во Глумово се правела веселба си дури 250 гости

Во ресторан во село Глумово во општина Сарај вчера се правела свадба со дури 250 гости.

Очигледно на многумина не им доаѓа паметот и покрај рестриктивните мерки.

А како што е познато, организирањето свдбени веселби е забрането уште кога почна пандемијата. 

„На 18.10.2020 во периодот од 20.00 до 23.30 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Глумово - Сарај. Притоа, во објектот, сопственост на Б.Ј.(35) од с.Глумово, се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 250 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени кривична пријава по чл.206, за непочитување на одлуките од Владата во врска со Ковид-19 и прекршочни платни налози по чл.6 од Уредбата на Владата за неносење на лична заштита на лицето“, се вели во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус и санкционирање лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење лична заштита на лицето.

Слично

Поврзани вести