СВАДБИ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Надлежните подготвуваат протокол
Ќе има протокол за работата на рестораните и организирањето на свадби.
До средина на мај сите детали ќе бидат утврдени.
„Комисијата за заразни болести подготвува повеќе протоколи за тоа како ќе се организира работата на рестораните, хотелите, училиштата и градинките, и на средината на мај ќе биде претставен концептот“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Ќе мора да се држи растојание и ќе има препорака како да се наместат масите.
Засега е рано за олабавување на мерките и укинување на полцискиот час. Во Македонија има нови шест жртви на коронавирусот.Нов бран е можен наесен, а за граѓаните беше споменато дека и во наредните месеци ќе мора да носат заштитни маски.
Во меѓувреме, додека трае корона кризата, бракови се случуваат во матично, со двајца сведоци.
Слично
