Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВАДБАРИТЕ ВДИШАЛЕ ЧАД ОД ПОЖАРОТ ВО ХОТЕЛОТ БУШИ - интервенирале и екипи на брза помош

СВАДБАРИТЕ ВДИШАЛЕ ЧАД ОД ПОЖАРОТ ВО ХОТЕЛОТ БУШИ - интервенирале и екипи на брза помош

Попладнево изби пожар во ресторанот на хотелот Буши во Скопје, што предизвика вознемиреност меѓу посетителите на Старата скопска чаршија каде е лоциран овој објект.

На терен се излезени припадниците на скопската противпожарна бригада, како и Брзата помош  поради пријави дека неколку лица вдишиле чад.

–Пожарот кој попладневно изби пожар во хотелот Буши е локализиран, изјави за ТВ 24 командирот на противпожарната брига Ѕвонко Томески.

Од ЦУК информираат дека во моментот на пожарот во хотелот имало свадба, а дел од гостите вдишале чад поради што интервенирале и екипи на брзата помош.

На социјалните мрежи се појавија повеќе видеа од настанот на кои се гледа како црн густ чад избива од хотелот Буши.
фото: Тв21

Слично

Поврзани вести