Свадба со крвав крај - Момче убиено во Липково
Наместо семејна веселба свадба во Липково имаше крвав крај. Еден од сватовите извадил пиштол од кој испукал повеќе курмуши, но еден од нив завршил во градите на младо момче дојдено на гости од Германија.
Од полицијата информираат дека настанот кај нив е пријавен од медицинскиот центар во Куманово околу 23:30 часот.
- Околу 22:45 часот додека седеле во дворот од куќата на З.Ш. (51) каде траела прославата, 63-годишниот А.Ш. извадил пиштол калибар 9 милиметри, кој го поседувал без дозвола, и испукал неколку куршуми од кои еден го погодил 19 годишниот Б.А., информираат од МВР.
Повреденото момче со огноострелна рана во пределот на градниот кош и во критична состојба било пренесено во кумановската болница каде починало.
Телото на момчето е предадено на обдукција, А.Ш. е уапсен, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
