Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУТКОЗ: Зошто е повлечено оружјето од стратешките објекти на Водовод, граѓаните доведени во опасност

СУТКОЗ: Зошто е повлечено оружјето од стратешките објекти на Водовод, граѓаните доведени во опасност

Директорот на ЈП „Водовод“, Александар Атанасов донел одлука за повлекување на оружјето кое стражарската служба го користи за обезбедување на 16 најзначајни стратешки објекти на водоводот во Скопје со што се доведува во опасност питката вода, а и самите вработени, обвинуваат од СУТКОЗ.

Според претседателот на Синдикатот на  работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва Дарко Димовски станува збор за одлука која е непромислена и опасна и затоа ќе биде покренета кривична пријава против Атанасов.

- Поради ваквото нестручно однесување на директорот со „нелегална диплома“ СУТКОЗ преку својот адвокат ќе поднесе нова тужба против Атанасов, за загрозување на жителите на Скопје и безбедноста на стратешките објекти на „Водовод“ и неговите вработени - рече Димовски.

Синдикатот, сега бара Министерството за внатрешни работи да го преземе обезбедувањето, бидејќи, како што рече на денешната прес-конференција претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски, со оваа одлука на Атанасов од февруари се доведуваат во прашање безбедноста на стратешките објекти, на вработените на ЈП „Водовод“ и граѓаните на Скопје.

Што со повлеченото оружје, зошто тоа е складирано во сеф, кој ќе се грижи сега за безбедноста на круцијалните точки на Водовод? Засега ниту Димовски не е информиран дали одлуката на директорот на ЈП „Водовод“ е донесена во координација со Министерството за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести