Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУТКОЗ: Вработените во „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ само со половина плата

СУТКОЗ: Вработените во „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ само со половина плата

Синдикалната организација СУТКОЗ потврди дека работниците во скопските комунални претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ добиле само половина плата за месец октомври,но дека очекуваат работите да се нормализираат наскоро.
„Синдикатот СУТКОЗ одблиску ја следи состојбата и во наредните денови се очекува работниците заедно со раководствата на синдикалните организации во овие две јавни претпријатија да ги утврдат следните чекори.

Од страна на СО во ЈП Паркови и зеленило Скопје и ЈП Комунална хигиена Скопје е побарана средба со раководствата на претпријатијата при што во едното претпријатие е остварена таква средба додека во ЈП Паркови и зеленило Скопје се чека назначување на нов директор по што се очекува и нормализирање на состојбата во претпријатието и исплата на плата, а во ЈП Комунална хигиена Скопје е исплатена половина од плата за октомври и се очекува во текот на неделава исплата и на останатата половина од платата“,објави синдикатот.


Слично

Поврзани вести