Економија, финансии, бизнис

Контакт

Суспендирани полицајци кои примиле поткуп

Суспендирани полицајци кои примиле поткуп

Кривична пријава за примање поткуп добија полициски службеници од СВР Куманово, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

МВР поднесе кривична пријава и ги суспендира полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РСМ.


„Ги повикувам сите граѓани да се охрабрат и да ги пријавуваат ваквите случаи. Ред, правда, дисциплина!“, порачува Спасовски. 

Претходно, беше откриена група која давала возачки дозволи без полагање на возачки испит, а во случајот беа вмешани и полициски службеници. 

Слично

Поврзани вести