Суспендирани пет вработени во МВР кои не спречија насилства на 27 април
Петмина вработени во МВР се суспендирани од Внатрешната контрола.
Oд полицијата информираат дека не станува збор за мерки и активности на формираната работна група која треба да ги расчисти настаните што се случија на 27 април во Собранието РМ. Oттаму додаваат дека суспендирањето е на самостојно барање на внатрешната контрола.
За нив е утврдено дека не интервенирале кога неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја отвориле главната врата на Парламентот на демонстрантите со што им овозможија да влезат внатре. Сите петмина се вработени во Секторот за обезбедување познат како Шеста управа.
Слично
