Суспендиран затворскиот чувар што направи непристоен гест додека Боки 13 беше изнесуван на носилки
Затворскиот чувар од притворот во Шуто Оризари е суспендиран откако направи непристоен гест кон новинарските камери додека се изнесуваше Бојан Јовановски од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Директорот на затворот Скопје во Шуто Оризари, Есад Рахиќ, потврдил за МИА дека службеникот ќе биде казнет, откако недолично гестикулираше додека беше изнесуван Боки 13, кому му се слоши додека беше на распит за случајот „Рекет“.
Затворскиот чувар пренесувајќи го шоуменот до амбулантното возило кон новинарите со рака покажа кон своите гениталии, покажува снимката на „Телма“.
Слично
