Економија, финансии, бизнис

Контакт

SUPPORT KOCANI: Не се препознавме во коментарот на премиерот, сигурно мисли за некое друго здружение

SUPPORT KOCANI: Не се препознавме во коментарот на премиерот, сигурно мисли за некое друго здружение

Од Support Kocani реагираат на обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски и бараат да не им се дава политичка конотација. 

Организацијата која помага на семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, по изјавите на премиерот порача властите да не ја саботираат нивната работа и да не лепат политички етикети. Мицкоски на вчерашната прослава на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Велес изјави дека „едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење“.

„Support Кocani не се препознава во коментарот на премиерот. Сигурно мисли за некое друго здружение. Доколку можеме било како да помогнеме знаете каде можете да нѐ најдете и контактирате. Да бидеме дел од политичка реторика и препукување е рецепт како можете да го убиете ентузијазмот на оваа група луѓе која стана заедница. Ништо нема да ни застане на патот на солидарноста за сограѓаните, другарите, браќа и сестри што настрадаа во ‘Пулс’, а најмалку тоа треба да биде државата или политичките чинители“, се вели во реакцијата на Супорт Кочани.

Мицкоски рече дека едно граѓанско движење полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на жртвите во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети, неисполнети ветувања и сѐ така по ред во духот на локалните избори. 

Во пожарот во Кочани на 16 март годинава загинаа 62 луѓе, а околу 200 млади беа повредени. 

Слично

Поврзани вести